ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1870 ГОДИНА Е РОДЕН ЈОРДАН ПИПЕРКАТА

“НЕКА НЕ СЕ НАДЕВА НИ СРБИЈА, НИ БУГАРИЈА, НИ ГРЦИЈА ДЕКА ЕДНА ПЕДА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКА ЌЕ ДОБИЕ, ЗАШТО ЗА НЕЈЗИНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НИЕ КРВ ЛЕЕМЕ, И НЕ ЈА ДАВАМЕ НА ДРУГ“
 
Вака се изјаснуваше еден од најопеаните и еден од најпопуларните македонски војводи на ВМРО (по Гоце Делчев) Јордан Пиперката, кој со своите јунаштва и подвизи уште за својот живот станал легенда.
 
Јордан Пиперката е роден на 23.06. 1870 година во кичевското село Козица. Потекнува од сиромашно земјоделско-сточарско семејство. Злате Ѓоршески, автор на монографијата посветена на Јордан Пиперката, дава интересно објаснување за неговото презиме. “Фамилијарното име му е Пиперковски. 
 
Меѓутоа тој е познат по скратницата од тоа име – Пиперката. Кај народот преовладува мислењето дека оваа скратеница ја добива поради физичкиот изглед (бил црвен, но и лут). Многумина го поврзуваат со лутината и црвенилото на пиперките”. 
 
Јордан е учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година и непосреден учесник во славното Илинденско востание. На 1 август 1903 година, во Церско Поле, Демирхисарско, паднал во заседа на турската војска, и тука, откако бил ранет, последниот куршум го испукал во себе и не се предал жив во рацете на непријателот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.