ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТКАТА ЈАСМИНА ТРАЈЧЕСКА „СЛОВЕНСКИ ВОЗ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Утре, Среда, на 22 јуни 2022 година, во малата сала на Народниот театар со почеток од 20.00 часот, гевгелиската публика ќе има можност да го проследи концертот насловен како „Словенски воз“ на пијанистката Јасмина Трајческа. Организатори се Дом на култура „Македонија“ и ООМУ „Васо Карајанов“.
 
На програмата премиерно ќе се изведат дела од композиторите: Билјана Бојовиќ, Стефан Гајдов и Леош Јаначек, исто така ќе се изведе делото на македонскиот композитор Тодор Скаловски ,,Македонски триптих” . Програмата е синтеза на словенската и балканската музика,полна со фолклорни елементи кои преплетуваат во сите фрази компонирани во модерен класичен стил,инспиративни и полни со различни ритмови што ја прават оваа музика препознатлива за овие простори.
 
Пијанистката Јасмина Трајческа, професорка по пијано во ДМУЦ „Илија Николовски – Луј“, е родена во Прилеп. По завршувањето на основното музичко училиште, своето школување го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на професор Србова, а додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ во класата на проф Валери Стефановски. Трајческа има богата концертна дејност и добитничка е на многубројни меѓународни награди.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.