ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА 10-ОТ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ

WEB Телевизија во живо

Педесетина млади пијанисти од Македонија, Бугарија и Косово во наредните три дена, од 14 до 16 јуни, во Гевгелија ќе учествуваат на Десеттиот меѓународен натпревар „Гевгелија 2022“ на кој ќе се натпреваруваат за награди во пет категории.
 
Претседателот на организацискиот одбор, Глигор Гелебешев на отворањето истакна дека Гевгелија по десетти пат ќе биде центар на млади музички Тој истакна дека натпреварот паузираше две години, поради ковид пандемијата, и сега и тој и децата нестрпливо чекаат овие три дена да покажат колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите светски музички имиња.
 
Тој се заблагодари на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, која е помагател на натпреварот, како и на хотелот „Аполонија“ кој и оваа година е место каде младите пијанисти не само што ќе свират туку и ќе имаат можност да се дружат и да остварат трајни пријателства.
 
Настапите на младите пијанисти ќе ги оценува жири комисија во чиј состав се проф. Милка Митева од Бугарија, проф. Власта Џура од Хрватска и проф. Катерина Гелебешева од Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *