ВО ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ И СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

WEB Телевизија во живо

Со пригоден настан за граѓани, членови и подржувачи , Општинската организација на Црвен крст Гевгелија вчера, на 14 мај 2022 година на градскиот плоштад ја одбележа Неделата на Црвен крст на Република Македонија, која се одбележува од 8 до 15 мај под мотото „Биди човечен“, како и Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
 
На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Откако им го честита овој голем ден, тој истакна дека се радува кога гледа како младите се почесто се вклучуваат како волонтери во работата на Црвениот крст од Гевгелија, организација која ги промовира црвените бои и хуманоста на секој поединец.
 
“Предизвиците кои беа пред нас беа големи, заедно постигнавме многу, но, и продолжуваме да постигнуваме. Со гордост можам да најавам 2 големи проекти, кампања за едукација на 25 000 ученици за значењето на првата помош како проект на Црвен крст на Република Македонија и проектот “И јас сум Црвен крст” на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија, со кој секое семејство од општината ќе има најмалку по еден наш волонтер, член или подржувач.” – истакна Секретарот на ОО ЦК Гевгелија, Лазар Мешков.
 
Пред многубројните граѓани свој перформанс имаа и членовите на „Mystic dance“, децата од ЈУ ДГ “Детска радост”, групата “3та доза”, добитниците на наградниот конкурс, како и волонтерите од Клубот на млади при ОО ЦК Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *