УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОСВОИЈА ПРВО МЕСТО ВО ФУТСАЛ, МАШКИ, НА ГИМНАЗИЈАДАТА 2022

WEB Телевизија во живо

Екипата во футсал на СОУ „Јосиф Јосифовски“, под менторство на професорот Никола Караколев, го освои првото место на Гимназијадата 2022, која се одржа во Струмица. На второто место се пласираа учениците од „Спортска академија“ од Струмица, додека третото место го освоија учениците на „Боро Петрушевски“ од Скопје.
 
Струмица беше домакин на Гимназијадата 2022 година на која 600 средношколции се натпреваруваа во пет спортски дисциплини. Станува збор за најдобрите 40 средношколски екипи во фудбал, ракомет, кошарка одбојка и футсал во машка и женска конкуренција а мечевите се играа на 6 спортски терени во Струмица.
 
Според правилата стануваше збор за екипи кои победиле во своите реони, скопски, западен, источен но и најдобрите екипи од Струмица како домакин. Мечевите се играат во еден ден. По пат на ждрепка се избраа полуфиналните дуели па победниците играа за првото место а поразените за трето.
 
Годинашнава манифестација беше под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *