ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖИ: СТОЈАКОВО И ГОДИНАВА ГИ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРВОМАЈСКИТЕ ТРКИ СО МАГАРИЊА, КОЊИ, ВРЕЌИ И…

WEB Телевизија во живо

Пред многубројната публика, која ги бодреше големиот број пријавени натпреварувачи, вчера, на 1 мај, како што налага традицијата долга повеќе од 60 години, беа организирани Првомајските трки со магариња, коњи, вреќи….
 
И покрај намалениот број на коњи и магариња во последните години во ова место, за кое се верува дека е центарот на Македонија, организаторите се погрижија настанот да биде на нивото на сите досегашни.
 
Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Богданци а во организација на Одборот за одржување на културни настани и манифестации при Месната заедница Стојаково(координатор Александар Каракабаков), оние посетители кои се најдоа во Стојаково за 1 мај, не зажалија. Присуствуваа на интересни трки во 17 плус 2 категории(трка за деца на 100 метри и скокање во вреќа за јуниорки), кои со право ги нотира и Агенцијата за промоција на туризмот на Македонија.
 
Во најинтересните две трки, се разбира за публиката, победници станаа:
 
Најбрз во трката со магариња беше Димитар Кмбов, а веднаш зад него се пласираше Даниел Пајдаков, трето место немаше бидејќи немаше трето магаре.
 
Возбудлива беше трката со коњи каде конкуренцијата беше поголема. Сепак најбрз коњаник стана Васе Ѓаваталиев, втор беше Софијанчо Петков а третото место го освои Мите Пачаразлиев.
 
Во трката на 100 метри сениори прв беше Костадин Капсаров, а кај сениорките Магдалена Мандалова.
 
Во трката на 100 метри кадети првото место го освои Бојан Петровски, а кај кадетките Драгана Донова.
 
Кај јуниорите, на 100 метри победи Антонио Каракабаков, додека кај јуниорките најбрза беше Јована Дронова.
 
Во шлагерот на манифестацијата, трката на 3.000 метри победник беше Тодор Анчев, втор Ристо Чалков а третото место го освои Костадин Капсаров.
 
Даниел Анчев беше најбрз во трката со велосипеди на релација Стојаково-Богданци-Стојаково.
 
Интересна беше и трката со вреќи. Тука кај сениорите најбрз беше Михаил Тодоров, а кај јуниорите Томе Ќамилов.
 
Во влечење на јаже, кај мажите победи екипата на Криви Бандаже додека кај жените екипата на Танга.
 
Во борба на рака до 95 килограми најјак беше Дејан Панов, додека над 95 килограми најдобар беше Димитар Карагошев.
И во „шоферската“ дисциплина, Тркалање гуми, најдобро се снајде Наско Атанасов.
 
Поради недоделената парична награда за 3 место трка со магариња заедно со донаторските средства, на самиот настан се воведоа уште 2 категории: – трка на 100 метри на деца до 5 години; Победници: 1 место – Томче Петков 2 место – Благоја Љатев 3 место – Максим Петков. –
и скокање во вреќа женски (јуниорки) Победници: 1 место – Антонија Карагошева 2 место – Виолета Павиќ 3 место – Наталија Шлепетурова.
 
Секој од победниците освен диплома беше награден и со рекламен материјал, маици со логото на Првомајската трка.
За да се помине во весела атмосфера се погрижија членовите на КУД „Бранд Петрушев“, огранок Стојаково, додека низ програмата водител беше легендарниот Томе Брзанов Брзи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *