ТОМИНА НЕДЕЛА – НЕДЕЛАТА ПО ВЕЛИГДЕН

WEB Телевизија во живо

Денес е голем верски празник – „Блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“
Првата недела по Велигден се вика Томина недела и е посветена на светиот апостол Тома. Кога Исус им се јавил на апостолите Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот Тома не верувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“. (Јован, 20/25) Поради тоа апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Исус пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован, 20/27-29)
Оттогаш останала поговорката „Неверен Тома“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *