ТОДОР АНЧЕВ 33-ТИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА НАД 3.000 ПОЛУМАРАТОНЦИ НА ГОЛЕМИОТ „ БЕЛГРАДСКИ МАРАТОН 2022“

Членовите на АК „7-ми Ноември“ како да сакаат да не навикнат на добри вести од секој атлетски настан кој се организира кај нас и во Европа, а на кој тие настапуваат. Петмина членови на гевгелискиот клуб, Тодор Анчев, Русимка Динева, Магдалена Јованова, Станислав Стојменов и Горан Јованов беа учесници на јубилејното 35-то издание на „Белградскиот наратон 2022“, кој се одржа денеска во главниот град на Република Србија.
 
Добри вести ни стигнаа и од Белград, кој овој неделен ден беше маратонскиот центар на светот.
Тодор Анчев, во полумаратонската трка, во должина од 21,7 километри, во конкуренција на 3214 атлетичари, го освои фантастичното 33-то место, со резултат од 1 час, 26 минути и 48 секунди, додека останатите гевгелиски атлетичари го истрчаа полумаратонот во машка и женска конкуренција, во рамките на своите можности.
По трката Тоше рече дека е задоволен од пласманот, иако, како што вели, доколку не беше малата повреда и топлото време, ќе можеше да постигне време околу 1 час и 20 минути и да биде во првите дваесеттмина.
 
Инаку, на 35-от „Белградски маратон 2022“ учествуваа 6.700 пријавени натпреварувачи од кои 1.200 беа странци од 70 земји во светот. Се трчаа три трки, маратон, полумаратон и Трката на задоволството., во која трчаа 15.000 луѓе!
Патеката на 35. Белградски маратон беше иста како и претходните години. Маратонците стартуваа на раскрсницата на булеварот Крал Александар и улицата Ресавска. Се трчаше маратон, полумаратон и Трката на задоволството., во која трчаат 15.000 луѓе!
 
Етиопјаните Фејиша и Чеколе, во машка и женска конкуренција се победници на 35. Белградски маратон, додека Кенијците доминираа на полумаратонската трка.
Мулгта Бирхану Фејиша е победник на јубилејниот 35-ти Белградски маратон што денеска се одржа во главниот град на Србија. Тој истрча 42.195 метри за време од 2:12, 57, додерка неговата сонародничка Цедал Чеколе триумфираше во женска конкуренција. Таа постигна време од 2:34.00.
 
Во полумаратонот, Пол Тианик од Кенија и Луси Мавија Мули се победници . Пол растојанието од 21, 1 км го истрча со време 1:02:19 и воедно го постигна својот најдобар резултат во кариерата! Во женска конкуренција Кенијката Мули го забележа второто најдобро време во историјата на Белградскиот маратон со време 1:11:54, што е само 13 секунди побавно од рекордот на Оливера Јевтиќ.
 
Да потсетиме, патеката на 35. Белградски маратон беше иста како и претходните години, маратонците стартуваа на раскрсницата на булеварот Крал Александар и улицата Ресавска. Се трчаше маратон, полумаратон и Трката на задоволството., во која трчаат 15.000 луѓе!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *