СЕ ПОСТАВУВА КАЛДРМА ОД ЦРКВАТА ДО ЦЕНТАРОТ НА УМА

WEB Телевизија во живо

Започнаа градежните работи за оформување на калдрмисана патека во с. Ума, која е една од активностите во рамки на проектната иницијатива „Мегленија“, што ова Здружение ја поднесе до УСАИД како дел од проектот „Програма за развој на заедницата“. 

Имплементатор е Мрежата за рурален развој, а партнер е Локалната акциска група „Бојмија“. Патеката е со должина од 185 метри, на потег од црквата на влезот во Ума до центарот на населеното место.
 
Во реализацијата на оваа партнерска активност, покрај УСАИД со свои средства и ангажман, учествуваат: ЗГ „Мегленија“, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија, како и општествено-одговорни компании од општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *