ПРОМОЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ПЕЧАТ НА ЕДНО ВРЕМЕ“ ПОСВЕТЕН НА МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ АГАТАНГЕЛ

WEB Телевизија во живо

Денес, на 19. 05. 2022 (четврток), ќе се одржи проекција на документарниот филм „Печат на едно време“ во Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19 часот.
 
Овој филм е снимен во продукција на Повардарската епархија, а во него е претставена централната позиција во црковниот живот и поредок, односно животот на еден архиереј, кој во овој случај е претставен низ призмата на животот на Повардарскиот Митрополит Агатангел.
 
Филмот содржи биографски осврт, со посебен акцент на дејноста на Митрополитот Агатангел во овие последни 16 години, откако тој повторно го возглави тронот на Повардарската епархија. Филмот се снимаше неколку месеци како авторски проект на Никола Цилаков, вработен во издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ на Епархијата Повардарска и во информативната служба на Повардарската епархија.
 
Филмот раскажува за детството и „мачната“ младост на малиот Атанас, кој заедно со својот татко и своите помали браќа полека но сигурно успева да пркоси на предизвиците од тоа време и да се развие во еден млад богослов, подготвен за позивот од Бога да Му служи на Неговата нива. Сиот овој прераскажан дел од животот на Архиерејот, поткрепен е и со прекрасни и емотивни фотографии.
 
Филмот завршува со порака на авторот, но и со поттик на сите верни од патството за поддршка кон Владиката, да истрае во својата јавна одбрана на вековните стремежи на нашите дедовци прадедовци за зачувување на сето она што е наше и свето, или со други зборови како што завршува авторот: „Негова должност е да не ја премолчува вистината, туку јавно да ја говори и брани во свое име и во име на народот, кој што го раководи“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *