ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОСБСП ОД ГЕВГЕЛИЈА СО ЕДУКАТИВНИ ПРЕДАВАЊА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, патниот од Гевгелија, заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во соработка со Министерството за внатрешни работи, деновиве реализираше едукативни активности во Богородица и Мрзенци во Подрачните училишта на ООУ „Владо Кантарџиев“. При тоа, во рамки на кампањата ,,ПРАВИЛА ЗА МАЛИТЕ ПЕШАЦИ”, децата добија едукативен материјал со содржини од безбедноста на сообраќајот на најмладата категорија учесници.
 
Безбедноста на децата во сообраќајот подразбира едуцирање на децата уште од најрана возраст за основните правила и прописи во сообраќајот. Првите форми на едукација почнуваaт во семејството, а потоа продолжувaат во градинката, училиштето и вон училиштето. Децата се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот и затоа треба да им се помогне, пред сè со едукација, затоа што децата не ја познавaат доволно улицата и опасностите кои таа ги носи.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.