МЛАДИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ШК „7 НОЕМВРИ“, ЛАНА ТРАЈКОВА И КРИСТИЈАН КАВАЗОВ УЧЕСНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР

WEB Телевизија во живо

Во организација на ПСУ „Јахја Кемал“ и шаховскиот клуб „Гамбит” секоја година во месец мај се организираат меѓународни шаховски турнири „КВАЛИТЕТ“ и тоа во три возрасни категории. Турнир за деца до 8 годишна возраст, турнир за деца до 10 годишна возраст и ОПЕН турнир до 18 годишна возраст.
 
Оваа година, на Меѓународниот шаховски турнир за младинци „Квалитет 2022“, од 20-ти до 24-ти мај, за прв пат учествуваат и двајца членови на новоформираниот шаховски клуб „7- Ноември“ од Гевгелија. Лана Трајкова и Кристијан Кавазов се меѓу 136-те учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија и Косово кои се борат да освојат што подобро место на овој силен шаховски турнир..
 
Во 2016 година, во ПСУ „Јахја Ќемал“ се реализираа првите турнири со 50 учесници, а во 2017 и 2018 тие прераснаа во меѓународни младински турнири со учество на млади шахисти од Бугарија, Албанија, Србија, Романија, Хрватска, Норвешка и Франција.
 
„Придобивките од изучувањето на шахот се присутни кај сите деца. Освен што сакаме да привлечеме што е можно поголем број на деца да земаат учество во овој спорт како натпреварувачи, сакаме шахот да стане и хоби на секое дете. Играјќи шах, детето ја јакне концентрацијата, меморијата, а особено способноста да решава проблеми од секаков тип, поразот да го претвори во лекција, а истовремено да бидат достоинствени во победата, да не се омаловажува противникот. Шахот учи на фер плеј“, велат од „Јахја Кемал“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *