МАГДЕ АНГОВА НАПРАВИ ИНТЕРАКТИВНА ПРОМОЦИЈА НА „ГАТАНКИ ЗА СЕ И СЕШТО И ЗА УШТЕ НЕШТО“

WEB Телевизија во живо

На еден интересен начин, во директна комуникација со оние на кои овие гатанки им се наменети, со децата, и со нивните родители, вчера во дворчето на книжарата „The Book Shop“ беше промовирано првенчето, книгата „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова.
 
Беше мошне пријатно да се биде дел од овој настан кој на едно место собра неколку генерации на љубители на убавиот пишан збор, и уште еднаш покажа дека желбата за читање не само што е сеуште присутна и кај младите и кај возрасните, туку од ден на ден таа желба и се зголемува.
 
Промотор на книгата беше Соња Србова, професор по македонски јазик. Некогашна та ученичка на познатиот гевгелиски професор и писател Илија Карајанов, била професорка на Магде во средношколските денови. Магде Ангова ја посочи Србова како главниот „виновник“ за тоа што го засакала предметот Македонски јазик и што еве има можност да почне да пишува.
 
За книгата, Србова ќе рече дека восхитува писателската креативност и умешност со развојот на методот на интеракција меѓу писателот и читателот. „Оваа книга, рече Србова на гатанките им вдахнува живост и спонтаност. Тие се современи, зборовно богати, а она што пление нивната стихувана форма и употреба на римата како стил на изразување.“
 
Затоа, таа им порача на присутните родители да им читаат што почесто од оваа книга, затоа што со тоа нивните деца не само што ќе бидат среќни и исполнети, туку и со тој чин на читање , детето ќе учи за вистинските вредности и од него ќе стане духовно богат човек.
 
Самата авторка, не ја криеше својата возбуда што на ваков начин им ја приближува книгата. Веселите и зборлести деца присутни на промоцијата, внимателно ги слушаа гатанките прочитани од авторката, а оние деца кои ќе погодеа за што станува збор во гатанката, добиваа примерок од книгата и мали, но слатки подароци. Вклучително и нејзината ќерка Илина, првиот филтер за напишаните гатанки, која доби ветување од својата мајка дека ќе биде почестена со сладолед после промоцијата.
 
Се на се, да посакаме уште многу вакви промоции во книжарата „The Book Shop“, како оваа, а на авторката Магде Ангова, магистер по медиуми и комуникации, во иднина да не израдува со уште повеќе дела излезени од нејзината книжевна работилница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *