ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

КК „КОЖУВ“ СО ПОБЕДАТА НАД „KУМАНОВО“ ВО КУМАНОВО, ОСТАНУВА ПРВОЛИГАШ.

И покрај променливата форма која ја покажаа во ова првенство кошаркарите на Кожув и идната сезона ќе игра во Првата лига на Македонија.
Гевгеличани со резултат од 73-66 ја победија екипата на „Куманово“ во Куманово и сега имаат недостижна предност пред нив на четири кола пред крајот на шампионатот. Кожув за цело време беше доминантен, едно време имаше предност и од 25 поени разлика и без проблеми стигна до најважната победа.
Иако, на 34 секунди пред крајот, „Куманово“ намалија на 66-71, сепак немаше доволно време за целосен пресврт, па Кожув си замина дома со потребната победа и со обезбеден прволигашки статут.
Најефикасни кај гевгеличани беа Анрих и Деј кој постигнаа по 18 поени, а добра игра прикажа и Оконкво, кој постигна 13 поени. Кај „Куманово“ најефикасен беше Николиќ со 22 поени.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.