ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОМОЦИЈА НА ФИЛМOT „НЕ ПЛЕТИ ЛЕСО“ ОД ЕТНОКОРЕОЛОГОТ БОЈАН ПЕТКОВСКИ

WEB Телевизија во живо

Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, на 3 мај, со почеток во 12:00 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии „Реинкарнација“ и ќе се промовира краток филм „Не плети лесо“.

Станува збор за настан од традиционалната уметност и материјалната култура во 19 и 20 век, на кој ќе се презентираат авторски дела на младиот уметник и етнокореолог, Бојан Петковски од Скопје. „Реинкарнација“ е изложба на фотографии од автентични ситуации на носење традиционални носии од етничките предели: Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Долни Полог, Струшко Поле, Охридско Поле, град Струга, Дурачка Река, Азот и на Ромите во градот Скопје. Проектот е симбиоза на научно-истражувачка и собирачка дејност, како и уметнички концепт за презентација на истото.
 
Додека, во краткометражниот филм „Не плети лесо“ се прикажува свадбен обред од етничкиот предел Дурачка Река, за заплетувањето на идната невеста. Филмот е снимен на две локации, во селото Дурачка Река и во Музејот на Македонија, а во него учествуваат уметниците на Ансамблот „Македонија“.
Настанот е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во соработка со етнокореологот, Бојан Петковски. Влезот е слободен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *