И ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ МОЖЕ ДА КУПАТ ВЕЛОСИПЕД СО СУБВЕНЦИ ОД ОПШТИНАТА

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на денешната десетта седница, го прифати предлогот за субвенционирање на трошоците на граѓаните за набавка на велосипед. Според донесената одлука, поединечната субвенција по барател, односно домаќинство, ќе изнесува 5.000 денари во бруто износ, односно 4.500 денари во нето износ. За оваа намена, во Буџетот на Општина Гевгелија се планирани 500.000 денари.
 
Субвенционирањето ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен“, по објавениот јавен повик, на кој можат да се пријават сите граѓани, поточно, еден член на домаќинството. Субвенционирањето ќе се врши сè до целосното искористување на планираните буџетски средства. Во јавниот повик, ќе бидат утврдени потребните услови и начинот за аплицирање за субвенција на трошоците за набавка на велосипед, а ќе можат да учествуваат само граѓани на општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *