ЦЕЦА СРБОВА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ, АНГЕЛ АРНАУДОВ И МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ НА ТРКИТЕ „ДУБРОВНИК ВО ДВИЖЕЊЕ“

Вчера и денес во Дубровник се одржа 6-от Дубровнички полумаратон, кој за прв пат беше воспоставен во 2015 година под мотото „Повеќе од трка“. Првично, настанот имаше многу едноставна цел – да се промовира спортот и здравиот начин на живот, сето тоа во спектакуларниот амбиент на древниот Дубровник, место на светското наследство на УНЕСКО. Благодарение на посветеноста, ентузијазмот и здружените напори на Дубровничката спортска федерација, Градот Дубровник и Туристичката управа Дубровник, полумаратонот во Дубровник навистина стана „повеќе од трка“. За многу краток период, тој се трансформираше во полноправна меѓународна повеќедневна спортска и рекреативна манифестација со дури четири трки – полумаратон во Дубровник, хуманитарна трка 5K, Run The Wall и Ден на децата. Настанот ги вклучува придружните настани како што се Du Motion Expo – место за собирање тркачи и изложувачи – и Du Motion Chat – серија разговори на истакнати предавачи од светот на трчањето.
На овогодишната манифестација беа пријавени 10.500 учесници од 63 земји, меќу кои и од Македонија. Боите на градот Гевгелија ги „бранеа“ членовите на АК „7-ми Ноември“, Цеца Среброва, Методија Ичев, Ангел Арнаудов и Мијалчо Андоновски.
Цеца Србова ја трчаше трката на 5 километри и постигна резултат од 27 минути, додека машките членови на клубот го трчаа полумаратонот и при тоа Методија Ичев ја истрча патеката за 1 час и 53 минути, Мијалчо Андоновски за 2 часа и 2 минути, додека Ангел Арнаудов постигна резултат од 2 часа и 8 минути.
Инаку, победник на полумаратонот беше Алија Имамовиќ од Босна и Херцеговина со време од 1 час 15 минути, а кај жените на 5 километри победничка е Лукреција Крстиќевиќ со време од 21 минута и 57 секунди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *