АНДОН САРАМАНДОВ:

WEB Телевизија во живо

ОТПОЧНАВМЕ СО ИЗГРАДБА НА ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО СРЕДСТВА ОД КФВ БАНКАТА ВО ИЗНОС ОД 152.899.522 ДЕНАРИ.
 
Денес, градоначалникот Андон Сарамандов, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски извршија увид во градежните активности кои го одбележуваат отпочнувањето на изградбата на новите водоснабдителни системи во населените места Негорци и Прдејци,
-Со реализација на овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на овие населени места со водоснабдувањето.
Покрај овие градежни зафати, со овој проект кој изнесува околу два ипол милиони евра средства од грантот од KfW банка ќе се реализираат и други проекти на територијата на општина Гевгелија.
 
Се предвидува и атмосферска канализација на потегот од Динќут до железничката станица во Гевгелија. Исто така атмосферска канализација ќе биде изградена на улиците „Никола Карев“ и „Серменинска“, а проектот предвидува и реконструкција на водоводната линија до село Богородица, изјави Сарамандов и додаде:
„Во оваа прилика сакам да истакнам дека ќе трае целиот проект некаде околу 500 дена и во овој период ќе има градежни активности на различни места во нашата општина што ќе придонесе во одредени периоди да има и отежнато движење на сообраќајот на одредени места.
Затоа барам и апелирам до моите сограѓани за трпение до завршување на овој проект, кој што е од суштинско значење и од голем бенефит на сите граѓани на општина Гевгелија“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *