АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ УЧЕСНИК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ТРЕНИНГ КАМП НА ТЕНИСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ТЕНИСЕРИ ПОД 14 ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ.

WEB Телевизија во живо

Еден од најдобрите македонски тениски јуниори, гевгеличанецот Александар Грујиќ, на покана на Тениската Федерација на Македонија, од денес, понеделник, 16 мај, па се до петок, 20 мај ќе биде меѓу учесниците на Тренинг кампот организиран за државните јуниорски тениски репрезентативки и репрезентативци, на возраст под 14 години, во Скопје
Во програмата на јуниорскиот комитет, државниот селектор и тениската федерација на Македонија (ТФМ) е планирана организација на континуиран тренажен процес за тенисери под 14 години (12 и 14 години).
 
Во период од 16 до 20 Mај 2022 е планирана организација на тренинг камп подржан од ITF/Tennis Europe на кој ќе бидат опфатени тениски тренинзи, кондициони тренинзи, и одигрување на мечеви.
 
Поканети репрезентативци на овој тренинг се:
Момчиња 1. Марко Алексовски 2. Александар Грујиќ 3. Алексеј Стојановски 4. Самуил Честовалиев 5. Кристијан Јанев 6. Максимилијан Алексовски 7.Стефан Новковски 8. Матеј Попов
Девојчиња 1. Сара Митевска 2. Лина Николовска 3. Анастасија Арсовска 4. Љубица Андоновска 5. Ива Кецкарова 6. Исидора Павковиќ.
Одговорни на кампот: 
1. Горан Шевченко
2. Круно Деспотовски
3. Тања Стојановска
На кампот ќе учествуваат и личните тренери на репрезентативците
Клубот каде ќе бидат организирани тренинзите е Тениски клуб ЈУГ Скопје. Планот на тренинзи е следен:
Понеделник 11-13 30 (тенис) + кондиција
Вторник 10-12 (тенис) 14.30-16 (тенис)
Среда 11-13 30(тенис) + кондиција
Четврток 10-12 (тенис) 14 30-16 (тенис)
Петок 11-13 30 (тенис)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *