19-ТИ МАЈ Е СВЕТСКИ ДЕН НА СЕМЕЈНИТЕ ЛЕКАРИ

WEB Телевизија во живо

19-ти Мај е светскиот ден на Семејните лекари а овогодишното мото на WONCA е Семејните Лекари се секогаш тука за Вас.
 
На 19-ти Мај во нашите амбуланти ќе одредуваме БМИ на нашите пациенти и ќе им дадеме да пополнат анкетен прашалник, изјави за ТВ Нова 12 доктор Христина Прошева, координатор на Здружението на приватни лекари на Македонија за гевгелија, Богданци и Дојран.
 
„ Индексот на телесна маса или Body Mass Index (BMI) е алатка што ни го покажува односот помеѓу тежината и висината на нашето тело, секако, земајќи ги предвид и нашата возраст и полот.
Се пресметува едноставно, со помош на калкулатор, кој дава одреден индекс што е показател за тоа дали телесната тежина е соодветна во однос на другите параметри. Нормалната тежина е она кон што сите треба да целиме и која е оптимална за секого од нас и, зависно од возраста, кај жените таа е помеѓу 19 и 24 BMI, а кај мажите помеѓу 20 и 25 BMI.“
 
Инаку, во ова време, од особена важност е семејните-општите лекари внимателно да ги следат пациентите кои прележаа Ковид 19 и рано да ги откриваат можните последици од него, за кои сеуште малку се знае: срцева слабост, коагулопатии, тромбоза на длабоки вени, бубрежни заболувања кои се опишуваат како можни компликации од Ковид 19. Матичните лекари активно ќе се вклучат во холистичко решавање на проблемите со кои се соочуваат пациентите од социјален, психолошки и физички аспект, со особен акцент на пациентите кои го прележаа вирусот на Ковид 19.
 
Предизвик на матичниот лекар е и решавањето на проблемите со менталното здравје од типот на флешбек, чувство на вина, вознемиреност, пореметен сон и други, кои неретко се присутни кај пациенти по прележан Ковид 19 и домашното насилство кои уште повеќе ја нагласуваат нивната улога, бидејќи повторно е ставен на првата линија, првиот контакт со пациентите и препознавањето и поддршката на пациентите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *