119 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ- РЕВОЛУЦИОНЕР, ПАТРИОТ, БОРЕЦ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНСКИОТ ГАРИБАЛДИ

WEB Телевизија во живо

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата. Тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави, или ќе биде разделена помеѓу нив, им порачал Делчев на своите соборци.“
 
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:
„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија.
Август 1923, Илинден“.
Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.
Издвојуваме дел од мудростите кои ги кажал Делчев.
„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“
„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“
„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“
Револуционер, патриот, неуморен борец за слободна Македонија, за подобро утре, Македонец во вистинска смисла на зборот. „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ – добро познатата мисла на Гоце Делчев која го вбројува во редот на прогресивните светски хуманисти.
 
За жал, овој храбар јунак не доживеа да го види македонскиот народ како извојува слобода против пропагандите на соседните држави и Османлиската Империја. Гоце Делчев го даде животот за својата татковина. Сите Македонци треба да се благодарни и да се поклонат пред неговиот лик и дело. Тој е пример за сите идни генерации. Ќе остане запаметен како голем патриот, хуманист кој секогаш зрачел со оптимизам и верба во посветла иднина. Ние сега го живееме неговиот сон, сонот за слободна Македонија.
 
Ѓорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруар 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) – идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *