ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА РОДЕНИ 2016 ГОДИНА СО МРП ВАКЦИНАТА.

WEB Телевизија во живо

Како што не информираа од одделот за Превентивна здравствена заштита-Вакцини, при Здравствениот дом Гевгелија, од понеделник, 18 април 2022 година ќе се започне со вакцинација со МРП вакцината за сите деца родени 2016 година. МРП вакцината е вакцина против морбили, рубела и паротитис.
Вакцинацијата ќе се спроведува во просториите на ПЗЗ-Вакцинација, секој работен ден од 12 до 13 часот. Се известуваат родителите дека со себе треба да го носат и преписот на вакциналниот картон на нивното дете. По примената вакцина секој родител ќе добие и потврда за примена вакцина која е потребна за запишување на детето во прво одделение во учебната 2022/2023 година.
Од Превентивната здравствена заштита соопштуваат дека вакцинацијата во Богданци ќе се спроведе во тамошната Амбулантата, на 20 април, среда, во времето од 08,30 до 12 часот, за децата родени 2016 година од Богданци и Ѓавато.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *