ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ГОСТУВА ТЕАТАРОТ „ПРОВОКАЦИЈА“ СО ПРЕТСТАВАТА „РАЗВЕДИ МЕ/ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА

Претставата „Разведи ме/ Две нијанси црвена“ на театар „Провокација“ од Скопје, во режија на Роберт Ристов, утревечер, среда, 6 април ќе биде изведена во Домот на култура Македонија во Гевгелија. Почетокот на претставата е во 20 часот а билетите кои се во продажба во Домот на културата се по цена од 200 денари.
 
Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.
 
Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Дали треба безрезервно да му се верува на партнерот? Дали доколку постои неверство, мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор со кој ќе ги спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали по неверството сме засекогаш „оштетени“ луѓе кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат? Дали вреди да се продолжи бракот заради децата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).
 
Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *