ВО ЧЕТВРТОК И ПЕТОК ВРАБОТЕНИТЕ ВО УПРАВАТА И ПРАВОСУДСТВОТО НЕМА ДА РАБОТАТ ОД 10 ДО 12 ЧАСОТ

WEB Телевизија во живо

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.
Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови.
„Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се“, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на вчерашната прес-конференција предупредувајќи дека тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин
Во 95 проценти од институциите, како што посочи, се исплаќа плата под минималната, а во останатите пет проценти, дел не ја подготвуваат платата, а оние што веќе ја исплатиле, направиле грешки и исплатиле само минимална плата без стаж.
Досега, од Владата не добиле покана за преговори, а притисокот од членството, како што посочија, е голем и се бара прекинот на работата да продолжи.
Како за пример дека институциите не го почитуваат Законот за минимална плата, од УПОЗ го посочуваат примерот со објавениот оглас од Министерството за финансии за референт писар за кое работно место е предвидена плата од 14.909 денари што е пониска не само од важечкиот износ на минимална плата од 18.000 денари, туку и од претходниот износ на минималецот од 15.142 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *