УПИСОТ ЗА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 1 ДО 31 МАЈ

WEB Телевизија во живо

Уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2022 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2016 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари, 2017 година.
 
Уписот ќе се врши од 1 до 31 мај, 2022 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата. Родителите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршен офталмолошки и извршен стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.
 
Родителите задолжително закажуваат термин за прием на документите и интервју со детето во основните училишта на следниве телефонски броеви:
– ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија 078/447-373;
– ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија 070/624-311;
– ООУ „Климент Охридски“ – Миравци 071/367-717;
– ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци 075/260-839.
 
Доколку родителот има интерес, пријавата и документите потребни за упис на детето во прво одделение може да ги поднесе во електронска форма на uslugi.gov.mk, по што ќе биде закажано интервју со детето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *