ТОДОР АНЧЕВ И ДРАГАН РИСТОВ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ГИ ИСТРЧАА СВОИТЕ НАЈДОБРИ ВРЕМИЊА НА „ВИЕНСКИОТ ПОЛУМАРАТОН 2022“

WEB Телевизија во живо

ТОШЕ МЕЃУ 13.000 УЧЕСНИЦИ ГО ОСВОИ 125-ТО МЕСТО.
„СИЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА БЕШЕ НАШИОТ НАЈГОЛЕМ МОТИВ“, ИСТАКНУВААТ И ДВАЈЦАТА.
 
Гевгелиските атлетичари се враќаат од Виена со одлични резултати од 39-то издание на „Виенскиот полумаратон 2022, еден од најпрестижните и најбројни светски маратонски настани. Во исклучително силна конкуренција на 13.000 тркачи од над стотина земји, тие ги истрчаа своите најдобри резултати до сега на 21 километар.
 
Тодор Анчев со време од 1 час, 22 минути и 41 секунди направи вистински подвиг, освојувајќи го 125-то место. Драган Ристов со време од 1 час, 51 минути и 45 секунди, исто така го истрча своето најдобро време до сега во полумаратонските трки.
Специјално за ТВ Нова 12, Анчев и Ристов ни изјави дека се многу задоволни од постигнатите резултати. „Патеката, велат тие, беше исклучително тешка, со многу влага, многу нагорнини, а дуваше и силен ветер. Искрено, велат тие, не очекувавме вакви резултати, но би рекле дека силната конкуренција беше нашиот мотив.
 
На маратонската трка доминираа претставниците на Кенија, а најдобар беше Матоло Мутети, со резултат од 2 часа, 6 минути и 53 секунди, додека на полумаратонската трка најбрз беше австриецот Марио Бауерфинд со време од 1 час, 5 минути и 35 секунди
Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен беше стартер на Градскиот маратон во Виена. Тоа е првпат во историјата на овој настан трката да ја започне еден претседател на Австрија
 
„Среќни сме што се заврши како што треба, и се радуваме на одличната атмосфера што владееше меѓу повеќе од 31.000 учесници. Околу 8.000 од нив се натпреваруваа на маратонот“, рече по трката Катрин Виду, еден од генералните директори на Градскиот маратон во Виена

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *