ШТРАЈКУВААТ УЧИЛИШТАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ВО ГРАДИНКИТЕ СЕ ЗГРИЖЕНИ СИТЕ ДЕЦА КОИ ДОШЛЕ УТРИНАВА.

WEB Телевизија во живо

Денеска штрајкуваат гевгелиските училишта. Според информациите до кои дојде Тв Нова 12, наставата не се одвива во основните училишта „Владо Кантарџиев“, „Крсте Мисирков“, „Ристо Шуклев“ во Негорци и СОУ „Јосиф Јосифовски“, додека во „Климент Охридски“, во Миравци, настава има, и покрај штрајкот на дел од наставниците “.
Оние помал број на ученици кои сепак дошле во посочените училишта биле примени, но откако им било кажано дека настава нема да има, се вратиле дома. А голем дел од учениците воопшто ниту дошле на настава утрово.
Што се однесува до децата од предшколска возраст, според нашите информации, згрижени се сите оние деца кои утринава дошле во градинките на ЈОУГД „Детска Радост“. Оние воспитувачки кои штрајкуваат се во посебна просторија.
Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК го организира бидејќи не е исполнето нивното барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно нивно усогласување со порастот на миниманата плата, која од овој месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, како и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *