СТОЈАКОВО Е ПОДГОТВЕНО ЗА ПРВОМАЈСКИТЕ ТРКИ СО МАГАРИЊА, КОЊИ, ВРЕЌИ…

WEB Телевизија во живо

Богданското населено место Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Спојот на минатото и сегашноста ги прави жителите на Стојаково горди, имајќи предвид дека овие натпревари се дел од нивниот живот и традиција која трае повеќе од 60 години“,
– Трката се одржува секогаш на 1 мај, а почна да се организира од далечната 1951 година. Токму по нејзината атрактивност нашето населено место стана познато и за Денот на трудот почна да привлекува голем број домашни и странски гости кои во Стојаково секогаш ќе бидат добредојдени – велат од советот на месната заедница, кој е организатор на настанот.
Покрај трката со магариња и коњи, последната деценија настанот се збогати со трки на 100 и 3.000 метри во женска и машка конкуренција, скокање со вреќи, трка со велосипеди, влечење на јаже, трка со гума и борба на рака.
За најдобрите тројца натпреварувачи во секоја категорија, организаторите обезбедија скромни награди што ќе ги потсетуваат за нивниот придонес во одржувањето и негувањето на седумдецениската традиција во Стојаково.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *