СОВЕТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЈА ОДРЖА ВТОРАТА СЕДНИЦА

WEB Телевизија во живо

Советот за социјална заштита на Општина Гевгелија ја одржа својата 2 седница. На седницата, беше усвоен Деловниот за работа на Советот. Во однос на барањето на Здружението за лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“- Гевгелија за воведување социјална услуга помош и нега во домот, секретарот на ОО Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков, ги запозна членовите на Советот со преземањето активности за воведување на услугата на подрачјето на Општина Гевгелија. Имено, ОО Црвен крстГевгелија започна со давањето на услуги за нега во домот на стари лица над 65 години и лица со попреченост преку комерцијалниот месечен пакет со утврдени цени за користење на услугата. Во моментот, преку ОО Црвен крст- Струмица со лиценца за негуватели се стекнати 19 лица од општина Гевгелија. 

Советот беше информиран и за надлежностите на Општината во областа на социјалните услуги. Согласно Законот за социјална заштита, посебно е уредено обезбедувањето средства за давање социјални услуги на општините, за што Министерството за труд и социјална политика еднаш годишно објавува Јавен повик. 

Во координација со Советот за социјална заштита на планскиот регион, Општина Гевгелија заедно со лиценциран давател на услуга ќе аплицира на повикот годинава, со цел оваа услуга да се користи бесплатно. Членовите на Советот, исто така, беа информирани дека за зајакнување на нивните капацитети ќе се организираат работилници од Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Канцеларијата на УНДП. Покрај ова, на седницата беше повторно укажано на потребата од изградба на пристапни рампи за лица со телесен инвалидитет во институциите, како и прилагодување на патната инфраструктура, согласно нивните потреби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *