ПЧЕЛАР ОД ОХРИД Е ОСУДЕН ЗАТОА ШТО „НЕГОВИТЕ“ ПЧЕЛИ КАСНАЛЕ СЛУЧАЕН МИНУВАЧ!

WEB Телевизија во живо

Пчелар од Охрид е осуден да плати 1о.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014 година. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки.
„Ова е директен удар врз пчеларите“, а казнетиот пчелар Грозданов од Здружението на пчелари Охрид, вели дека пресудата ќе ја обжали и најави масовна поддршка од сите пчелари од државава.
 
Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.
Настанот се случил од 2014, а пресудата е донесена после 8 години, што за пчеларите од Охрид е уште една апсурдност покрај, како што ја нарекоа, смешната постапка.
 
„Со постапката докажаа дека сум осуден само поради тоа што сум поседувал возило со кое се транспортирани пчели, а ниту во еден случај при преселба пчелите не го напуштаат пчелното семејство. Ние како пчелари немаме влијание врз пчелите, но Судот го прифати целиот спор и потврди дека јас сум виновен“, вели Лазе Грозданов.
Пораката е јасна,ова освен освета на поединец е и атак врз пчеларството иако на сите ни е повеќе од јасно што значи пчелата за Човечството и Биодиверзитетот. Најстрашното во целиов случај е пораката што се испраќа: ” Според изречената пресуда ќе се смета дека пчелата е животозагрозувачко суштество.”
„Благодарение на пчелите опстојува човечкиот род. После изумирање на пчелите човечкиот род има уште 4-5 години. Да не дозволиме вакви судски пресуди. Висината на казната нè карактеризира како убијци“, велат пчеларите

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *