„ОТВОРЕНИ ФИНАНСИИ“, НА ТУРСКАТА КОМПАНИЈА „СЕРКА“ КОЈА ЈА ГРАДИ БРАНАТА КОНСКО“

WEB Телевизија во живо

И СЕ ИСПЛАТЕНИ 10 ОД ВКУПНО 40 МИЛИОНИ ЕВРА.
 
Според алатката Отворени финансии, на Министерството за финансии, досега на турската компанија „Серка“ која ја гради „Конска брана“, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое го води овој проект, им се исплатени над 10 милиони евра. Инаку, вкупната сума за реализација на овој проект изнесува 40 милиони евра, кои треба да се издвојат од Програмата за рурален развој.
Според истата алатка Отворени финансии, само во март месец оваа година има исплати од речиси 3,1 милиони евра, што би требало да значи дека во наредниот период може да се очекува забрзување на исплата, како што ќе се наближува времето на целосно завршување на овој капитален објект за Општина Гевгелија и за Република Македонија.
 
А, во месец јануари, оваа година, за ТВ Нова 12, од компанијата SERKA TAAHHÜT İNŞAAT.A.Ş, изјавија дека веќе се завршени 85 отсто од изведбените работи, и дека тие планираат техничкиот прием по објекти и во целост да започне од јули 2022 година.
Од компанијата тогаш не информираа дека браната „Конско“ требаше да биде завршена навреме, кон крајот на 2020 година. Но, потенцираа дека поради актуелната состојба со ковид-19, бавната работа на некои институции, пристигнувањето на специјални материјали и опрема од странство, кои се дефицитарни во Македонија, придонесоа за одложувањето на предвидениот рок на завршување на работите.
 
На нашето прашање колку време ќе биде потребно да се наполни со вода браната „Конско“, тие одговорија дека оваа брана е со капацитет на акумулација од 21 милиони метри кубни вода и времето за нејзино полнење со вода е една до две години, во зависност од количината на врнежи во тој период.
Инаку, Браната Конско е брана од типот на каминонасипни брани со асфалтнобетонско јадро. Ваквото асфалтнобетонско јадро е составено од специјално проектиран асфалтбетон и се вградува со специјализирана опрема под будниот надзор на стручниот персонал. Овој тип на брани, како што ни изјавија од компанијата се во овој момент многу актуелни во светот, а Конска брана“ ќе биде втора во Македонија изградена на ваков начин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *