ОРГАНИЗИРАН 29-ОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „ПЕРО ИЛИЕВСКИ“

WEB Телевизија во живо

Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ од Гевгелија го организираше 29-от традиционален Планинарски Марш Перо Илиевски, чија планинарска маршута е Конско-Ума, во должина од 18 километри. Овој планинарски марш, кој е дел од календарот на активности на ФПСМ за 2021 одина, се одржува секоја година во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
И покрај лошите временски услови, организаторите се задоволни и велат дека маршот бил успешен, со 100-тина учесници, не само од Гевгелија, туку и од: Струмица, Неготино, Кавадарци, Берово и Штип. По пристигнувањето во Ума, ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија им додели благодарници на гостите- членови на Планинарските друштва од државата кои учествуваа на маршот и спонзорите и помагателите: Атанас Кичуков, Месната заедница „Ума“, Црковниот одбор на с. Ума, Здружението на Власи „Мегленија“ и членовите од фамилијата Илиевски, во чест на Перо Илиевски. Како и признанија за најмлад и најстар учесник на планинарскиот марш- Емилија Танева (9 години) и Лазар Кочев (78 години).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *