ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРОТИВ БАРАЊЕТО ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ПРЕРАБОТКА НА ОТПАД ВО ПОГОНОТ НА “Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН”

Општина Гевгелија даде негативно мислење за воведување на нови производствени активности во капацитетите на компанијата “Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН”ДООЕЛ од Скопје во Гевгелија. Негативното мислење уследи по доставеното барање одУправа за животна средина – Сектор за животна средина при Министерство за животнасредина и просторно планирање, а во врска со Известувањето за намерата на наведената компанија за изведување на проектот – Воведување на нова активност во инсталацијата во Гевгелија. По увидот во доставениот проект, Општина Гевгелија се произнесе негативно за воведување на нови активности во инсталацијата на “Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН” ДООЕЛ од Скопје во производниот погон на улица „Индустриска“ во Гевгелија. Имено, при извршениот увид во проектната документација е констатирано дека правниот субјект има добиено дозвола за складирање и третирање на отпад на пластика со наведените видови отпад. Во самата Дозвола се укажува дека компанијата може да врши физички/механички третман, а со конкретно наведени селектирање и сортирање на отпадот и механички третман балирање на отпадот. Опсегот на дозволата е исклучиво за неопасен отпад. Со новиот проект се предвидува зголемување на опсегот на дозволата со други видови на отпад, како што се искористени отпад од искористени возила, од електричен и електронски отпад, од постројка постапување со отпад – отпад од механичка обработка (сортирање, дробење, компактирање и пелетизирање) и одвоено собрани фракции од комунален отпад, односно отфрлена електрична и електронска опрема. Од сите видови наведен отпад предвидено е во проширените производни активности на “Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН” во Гевгелија да се селектираат, дробат и од нив да се произведува гранули кои ќе се пресуваат и балираат. Со еден збор кажано, ќе сепроизведува РСФ – цврсто гориво во вид на пелети. Имено, во случајот се работи за инсталација за производство на РСФ – цврсто гориво во кој како суровина е наведениот отпад. За набавка на таков вид отпад предвиден е отпад од Република Македонија, како и увоз од европските земји. Бидејќи се работи за видови отпад, кои можат да бидат штетни по здравјето на луѓето, а да предизвикат и загадување на животната средина, се дава негативно мислење, се наведува во одговорот до Управатаза животна средина – Сектор за животна средина при Министерство за животна срединаи просторно планирање. Притоа, се нагласува дека локацијата каде што се наоѓа погонотна “Г&O ВАСТЕ СОЛУТИОН” ДООЕЛ од Скопје во Гевгелија граничи со лесно загадувачка индустрија и вклучително индустрија за производство на леб и бели печива, овошје изеленчук, млеко и млечни производи, производство на грозје и производи од грозје. Негативното мислење од страна на Општина Гевгелија, уследи по опстојната расправа што ја организираше градоначалникот на Општина Гевгелија, АндонСарамандов, со надлежните општински служби, координаторите на советничките групи, претставници на невладините организации и здруженија за заштита на животната средина во Општина Гевгелија. Притоа, беше потсетено дека Општина Гевгелија веќе има издадено негативно мислење за производство на ваков отпад и реализација на сличен проект во истиот производен погон и на истата локација, но од страна на компанијата П&П индустри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *