ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА „ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ – ГТК“

WEB Телевизија во живо

На завчерашната седница на Извршниот одбор на новоформираниот „Гевгелија Точак Клуб“ во проширен состав, беа донесени неколку одлуки, меѓу кои, одлука за висината на членарината , користењето на краткото име „ГТК“, и беа избрани координатори по дејности и специјалности.
 
Донесена е одлука годишната членарина да биде скалеста и тоа:
Учениците од 1 до 4 одделение нема да плаќаат членарина,
Учениците од 5 до 9 одделение ќе плаќаат 100 денари
За учениците од средното образование, за студентите, за невработените и за пензионерите членарината ќе изнесува 300 денари,
Вработените ќе плаќаат членарина од по 600 денари.
 
На седницата беа избрани и координатори, и тоа, Никола Опров, за млади до 18 години, Ѓорѓе Ризов за екстремен велосипедизам, Љубчо Алексовски за односи со јавноста. Останува на наредната седница да бидат избрани и координаторите за друмски, планиски велосипедизам, за проектирање и реализација на велосипедски патеки и за изработка и реализација на проекти од локални, државни и странски фондови.
 
Исто така членовите решија членови на велосипедскиот клуб „ГТК“ да земат учество на 8-от велосипедски настан на отворено „АЗОТ“ кај Велес, на 28 мај 2022 година.
Кодексот на однесување на членовите на клубот ќе биде донесен во најскоро време, а со потпишувањето на пристапницата кон клубот, членовите воедно го прифаќаат и Кодексот на однесување.
За книговодител на здружението е избран Ѓорѓе Чурлинов, сопственик на фирмата Мајагоконсалт ДОО.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *