МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ УТРЕ ЌЕ ГО ПРОСЛАВАТ ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВОТО СО ЕДНОДНЕВЕН ПРОТЕСТ

WEB Телевизија во живо

Матичните лекари повторно ќе ги затворат своите амбуланти,на 7ми април-Ден на здравството. Оваа година овој ден ќе го одбележиме на ваков начин, за да го искажеме нашиот револт према надлежните институции-Министерство за здравство и Фонд за здравствено осигурување на РСМ, стои во нивното соопштение испратено до медиумите.
Но овој пат ќе ги затвориме амбулантите и ние лекарските тимови-доктор и сестра ќе излеземе пред вратите на МЗ во 12ч во Скопје.
Ги замолувам нашите сограѓани,нашите пациенти да имаат разбирање за нас и за нашата ситуација.
Екипите на ИМП се известени во нашата општина,кои како и секогаш ќе излезат во пресрет на сите итни и неодложни здравствени состојби на граѓаните.
Остануваме цврсто на своите барања,за подобра иднина на примарното здравство ,за опстанок на матичните лекари.
Бараме покачување на капитационен бод како што ни беше ветено до сега ,бараме пациенти на ПЗУ за да можеме да користиме боледување подолг временски период,и ние сме пациенти со сериозни здравствени проблеми.Бараме ослободување од казнена политика за административни грешки,бараме промена на режим на лекови да не го оптоваруваме секундарно и терциерно здравство за препораки за препис на хронична терапија итн итн
Да го направеме примарното здравство привлечно за младите доктори да ја сакаат оваа дејност,да не си одат во странските држави.Старее населението ,старееме и ние матичните лекари,а помладокот не сака да работи заради наталожените проблеми во ПЗЗ.Ќе дојде ден кога ќе нема кој да работи во матичните амбуланти.
Однапред ви благодариме за вашата подршка и разбирање
координатор од ЗПЛРМ за Гевгелија ,Богданци и Дојран Др.Христина Прошева
Претседател на ЗПЛРМ ДР.Лилија Чолакова Дервишова

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *