ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА:

ГИ ПОВИКУВАМЕ СЕМЕЈСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ДА ЗАПОЧНАТ СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА.
ОБЕЗБЕДИ ЈА ИДНИНАТА НА ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО – ПРОИЗВЕДИ ХРАНА!
МНА е организација посветена за подигнување на нивото на најважните знаења и вештини запоставени во државното образование. Во последниот свој напис МНА
ги повикува сите семејства во Македонија ДА ЗАПОЧНАТ СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА.
Кризата од недостаток на прехранбени производи и да има повремени подобрувања, во целина постојано ќе се влошува. Затоа како и да заврши украинската криза, руско-западното соперништвото кое се издигна на ниво на непомирлива непријателска спротивставеност НЕМА ДА ЗАВРШИ. Истиот судир во некаков облик неминовно ќе продолжи на друго место. Исклучувањето на Русија (со санкциите) од европското стопанство уште долго време нема да биде отстрането, а не постои брза замена за ресурсите кои од Русија доаѓаа. Така што недостатокот на материјалните ресурси ќе носи не само поскапувања, туку и целосно отсуство на некои од најважните животни производи.
Како и досега обичното население ќе биде тоа врз чиј грб ќе го стават товарот од одмерувањето на моќта на големите сили.
На планетарно ниво е започната глобалистичка војна за осиромашување на народите и создавање на нов светски поредок. Политичката структура во Македонија несомнено е докажана како незагрижена за доброто на граѓаните. Таа структура како и досега ќе биде спроведувач на олигархиско-империјалните политики независно колку и да се погубни за населението. Само во заедништво со сопствено производно обезбедување на иднината населението во Македонија ќе се заштити од тешката стопанска криза која се заканува, но и од намерите за наметнување на генетски изменета храна.
ЗАТОА Македонска Национална Академија (МНА) започнува кампања „ПРОИЗВЕДИ ХРАНА!“.
Кампања за освестување за НЕОПХОДНАТА потреба од 1. што е можно поголемо производство на природна храна и 2. што е можно повеќе самостојно семејно производство на храна. 3. Зачувување на домородните видови на индустриски семиња и животинска стока.
Да не чекаме од никого да нѐ освестува, туку самите да се поттикнеме. Македонија располага со огромен број на квалитетни слободни површини погодни за производство на храна. На секое семејство доволна му е обработка на половина декар обработлива површина за на минимум да ги сведе годишните трошоци за храна. Ако немате земја во своја сопственост во Македонија може лесно да се закупи за ефтини пари. Сѐ е едноставно, ВЕДНАШ ДЕНЕС кренете мобилен, побарајте на интернет, распрашајте се, закупете земја (или набавете стока) и започнувајќи од оваа пролет, започнете со благородна дејност – произведувајте храна. Затоа што кризата неминовно доаѓа и се продлабочува. Подоцна можеби нема да ја имате сегашната можност, затоа како одговорни личности, со сопствено производство ОБЕЗБЕДЕТЕ ЈА ИДНИНАТА НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО.
Ве повикуваме како организации и како поединци приклучете се на повиците во кампањата „ПРОИЗВЕДИ ХРАНА!“.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува tvnova12.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон.

Еден коментар за “МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА:

  1. Како да се информираме за тоа како се произведува зеленчук без многу грешки, затоа што јас и моето семејство сакаме да почнеме со произвотство но немаме доволно знаења

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.