КОРОНАТА ПОЛЕКА ГО НАПУШТА ЈУГОИСТОКОТ

КОРОНАТА ПОЛЕКА ГО НАПУШТА ЈУГОИСТОКОТ,
ВО ГЕВГЕЛИЈА 4, ВО БОГДАНЦИ 1, ВО ДОЈРАН И ВАЛАНДОВО БЕЗ АКТИВНИ СЛУЧАИ.

Епидемиолошката ситуација во Гевгелија и останатите општини од југоистокот, кои се под ингеренција на Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, полека стивнува. Така, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во Гевгелија има само 4 активни случаи, во Богданци 1, додека во Валандово и Дојран нема активни случаи.

Амбулантниот дел од ковид модуларната болница кој работеше 24 часа, од 1 април работи од 08:00 до 16:00 часот. И понатаму во амбулантата ќе има дежурен доктор и медициски персонал кои ќе вршат прегледи на суспектни лица, а за време на викендот прегледите ќе се вршат во Итната медицинска помош.

Заради ваквата поволна ситуација се укина и задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост. Согласно препораките се укина и обврската за задолжително носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *