ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДОЈРАН ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ПОСЕТА НА ОКОЛУ 12.000 ТУРИСТИ

WEB Телевизија во живо

Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов очекува за време на продолжениот, четиридневен велигденски викенд Дојран да го посетат околу 12.000 туристи. Тој потврди дека сместувачките капацитети во приватниот сектор, каде соба или апартман се издаваат од 1.000 до 1.500 денари на ден, се целосно пополнети уште сега. По укинувањето на анти ковид мерките, дојранчани веруваат дека оваа туристичка летна сезона ќе биде мошне успешна.
Сега, само се очекува временските прилики да се подобрат, за да може секој оној кој ќе дојде во Дојран, освен да се одмори, да прошета покрај Дојранското езеро, како и да ги разгледа сите културно-историски знаменитости со кои располага ова место на југот на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *