„ГАТАНКИ ЗА СЕ И СЕШТО И ЗА УШТЕ НЕШТО“ ОД МАГДЕ АНГОВА Е ИГРИВА КНИГА ЗА ДЕЦА ШТО ГИ ОЖИВУВА И ОСОВРЕМЕНУВА ГАТАНКИТЕ

WEB Телевизија во живо

Магде Ангова e родена во 1987 година. Живее во Гевгелија, а работи во Општина Дојран како личност за односи со јавноста. Таа е магистер по медиуми и комуникации, а во моментов ја завршува и магистратурата по психологија. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е нејзина прва книга.
Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Пред присутните на промоцијата, дел од гатанките ќе интерпретира шестгодишната ќерка на авторката, Илина. Изданието е збогатено со илустрации од Елена Давчева-Стојановска.
„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат.
Книгата на забавен и интересен начин го отсликува светот околу нас. Многу предмети, животни, растенија и личности кои нѐ опкружуваат и се среќаваме со нив во секојдневниот живот се прикажани, опеани со необична и игрива рима. Со „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ децата ќе се забавуваат, ќе научат многу интересни работи за светот што ги опкружува, а родителите, читајќи им ја книгата, ќе поминат квалитетно време со своите најмили.
„Пишувам уште од детството, ќе каже Магде. Голем љубител сум на планери, дневници, нотеси. Запишувам секогаш и секаде. Обожувам афоризми и мудри мисли. Имам мудра мисла и изрека за секоја ситуација. А, гатанките настанаа спонтано, да не излезеа во форма на гатанки секако ќе беа објавени како песнички за деца, но мислам дека вакви какви што се – во форма на гатанки, се вистински погодок.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *