ДЕНЕС СЕ НАВРШУВААТ 242 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ

WEB Телевизија во живо

Колегата Благоја Шундовски на својот профил пишува.
„Денес се навршуваат 242 години од упокојувањето и 5 години од канонизација на игуменот на манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, монахот Кипријан Слепченски кој се упоколил на овој ден во 1780 година.
 
Првпат по 237 години од трагичното упокојување, денес, на 30- ти април, на денот на канонизацијата, јавно беа изложени мошти од монахот Кипријан Слепченски. На сите верници кои присуствуваа на чинот на канонизирањето, манастирот им подаруваше памукче помазано од моштите на Кипријан. Канонизацијата ја изврши Неговото Блаженство Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан во сослужение на митрополити од сите Македонски епархии.
 
Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион што е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.
 
Проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ и научен советник во Центарот за истражување на културното наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, е првиот византолошки истражувач кој во Српските архиви најде оригинални стари записи за страдањата на монахот Кипријан кој служел во манастирот Свети Јован Претеча.
 
Записите за Кипријан првпат беа обелоденети и промовирани на Меѓународниот научен симпозиум посветен на манастирот Свети Јован Претеча што Општина Демир Хисар го организира на 6ти јули 2014 година, на големата прослава на 1000 годишнината од смртта на Македонскиот Цар Самуил и 1000 годишнината од постоењето на манастирот и населбата Слепче.
 
Со одлука на Советот на Општина Демир Хисар, во 2017 година, св. Кипријан е прогласен за заштитник на Демир Хисар.
Споделувам ексклузивни фотографии од копијата од оригиналниот запис за маченичкото упококување на Монахот, сребреното ковчеже и чинот на канонизацијата.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *