ДЕНЕС Е СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ: УТРОВО ГУШНЕТЕ ГИ ВАШИТЕ МАЈКИ

Според календарот на Македонската православна црква денес е големиот христијански празник Свето Благовештение. Именден празнуваат Благоја, Блаже, Благојка, Благица…
Овој празник спаѓа во постојаните празници и секогаш е на овој датум. Меѓу народот е познат и како Благовец, Благоец, Блошчојне…
Како голем црковен празник празникот Свето Благовештение нашол значајно место и во народниот живот. Во таа смисла Марко К. Цепенков забележал дека поради тоа што Благовец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за убетки.
Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Иако паѓа во тешките велигденски пости на Благовец се јаде риба. Дури тоа се смета и за потребно. Стефан Тановиќ забележал дека во Гевгелиско тоа се правело за здравје. Затоа и сиромасите се труделе да купат риба.
Овој ден се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“.
Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.
Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес наутро бакнете ја мајка ви!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *