ДА НЕМА НОСЕЊЕ МАСКИ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР ОСВЕН ВО БОЛНИЦИ И АВТОБУСИ

WEB Телевизија во живо

ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
Да се укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз. На сите останати затворени места и објекти граѓаните нема да мора да носат маски, освен ако тоа не е нивна желба.
„Моменталната епидемиолошка состојба ни овозможува да препорачаме олабавување на мерките. Препорачуваме да се укине задолжително носење маски во затворен простор. Иако обврската се укинува, сепак алелираме постарите и хронично болните да носат маски кога одат во затворени објекти“, рече д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
На денешната седница на Комисијата е донесена препорака повеќе да не се следат контактите кои ги имале позитивните лица ниту за нив да се одредува изолација.
За да стапат на сила, препораките на Комисијата за заразни болести треба да ги одобри Владата на седница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *