ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА РАЗБОЈНИШТВО НА ПАРКИНГ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Полициски службеници од Полициската станица во Гевгелија, вчера ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, Гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, Гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија.
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
 
Четворицата, заедно како група, на 26 април, на паркинг простор на улицата „Миле Пецанов“ во Гевгелија, одзеле подвижни предмети од лице од Неготинo. Кога оштетениот со својот автомобил марка БМВ пристигнал на паркингот, тие го нападнале и започнале да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди. Со употреба на сила, осомничените му го одзеле автомобилот вреден околу 4.000 евра, торбичка во која имало околу 2.500 евра во денарска противвредност, мобилен телефон Ајфон вреден 30.000 денари, банкарски картички, клучеви од уште еден автомобил и од викенд-куќа.
 
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка куќен притвор за четворицата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *