ЏИЛИЈАН ТРИГС, ПОМОШНИК КОМЕСАР ПРИ УНХЦР:БЕГАЛЦИТЕ ОД УКРАИНА МОЖЕ ДА СЕ СООЧАТ СО РИЗИЦИ ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И ЕКСПЛОАТАЦИЈА.

WEB Телевизија во живо

„Украинската бегалска криза е криза на заштита за жените и децата – тие сочинуваат 90 отсто од сите кои бегаат преку границите на Украина. Знаеме дека ризиците од родово-базираното насилство, трговијата со луѓе, злоупотребите, психичките трауми и разделувањето на семејствата се зголемуваат во време на конфликт и раселување, но со оглед на родовиот профил на овој бегалски тек и фактот дека многу од децата избегале сами, ризиците повеќекратно се зголемуваат. Како што се случува при кризни состојби и поради скриената природа на трговијата со луѓе, тешко е да се потврдат податоците и невозможно да се процени колку жени и деца бегалци од Украина е можно да станале цел на трговци со луѓе. Досега потврдени се мал број случаи. Но, ние сме подготвени и ги предупредуваме бегалците за ризиците од предатори и криминални мрежи кои би можеле да се обидат да ја искористат нивната ранливост или да ги намамат со ветувања за бесплатен превоз, сместување, вработување или други форми на помош.
 
Хуманитарците, вклучително и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, и други ги зголемуваат своите капацитети за поддршка на државните напори, во соработка со партнери. Сите соседни и погодени држави мора да обезбедат итна идентификација, регистрација, заштита и соодветна грижа за децата кои патуваат сами или се одвоени од своите родители и семејства. Државите треба да најдат решенија кои се во најдобар интерес на овие деца и да ги зголемат капацитетите на државните системи за заштита на децата за да одговорат на нивните потреби. Мора да се зајакнат и системите за проверка, за да можат да ги регистрираат и проверат организациите, фирмите и волонтеритепоединци кои им нудат поддршка на бегалците. Тука спаѓаат автобуси и комбиња кои бесплатно превезуваат бегалци од граничните точки и понатаму до други европски земји. Бегалците треба да можат безбедно да патуваат без грижа дека криминалните мрежи ќе ја злоупотребат нивната состојба на очај.
 
Иако великодушноста и солидарноста кон украинските бегалци се инспиративни, државите мора да ги спречат предаторските поединци и криминални мрежи за да не ја злоупотребат состојбата. Бараме од службениците за гранична контрола и спроведување на законот, како и социјалните служби во регионот и пошироко, да ја засилат борбата против трговијата со луѓе – од раното откривање и спречување криминални активности, сѐ до информирање и поддршка за оние кои биле злоупотребувани или експлоатирани, како и да се осигура дека сторителите брзо ќе одговараат пред законот, а на жртвите ќе им биде надоместена претрпената штета.
 
УНХЦР започна кампања за подигнување на свеста насловена „Останете безбедни“ со цел да ги информира украинските бегалци за ризиците и да понуди совети како да се заштитат. Со државните власти и партнери, вклучувајќи ги и УНИЦЕФ, исто така отвораме и станици на безбедни простории за деца и семејства, како и за други поединци на кои им е потребна специјализирана помош, низ соседните држави на Украина. Познати се како „Сини точки“ и претставуваат центри за заштитни услуги, информации и упатувања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *