34 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРОФЕСОР Д-Р ВЛАДИМИР КАРТОВ, РОДЕН ВО СМОКВИЦА 1935 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Македонскиот историчар, правник и професор Владимир Картов е роден 1935 година во село Смоквица, Гевгелиско.

За монографијата на истакнатиот македонски револуционер и близок соработник на Ѓорче Петров – Сава Михајлов, Картов ја добил ноемвриската награда на Гевгелија, – Златна плакета на општината Гевгелија за 1977 година.

Картов основно образование го завршил во своето родно место. Во учебната 1952/53 година завршил учителска школа во Скопје. 1954 година се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје на групата историја-географија и во 1956 година дипломирал.
Во 1958 година проф. Картов студирал како вонреден студент на Филозофскиот факултет во Скопје на групата историја, каде што во февруари 1960 година дипломирал. Потоа се запишал на Правниот факултет во Скопје и во април 1964 година, исто така како вонреден студент, дипломирал.

Во меѓувреме се запишал на постдипломски студии на факултетот за политички науки во Белград на групата политичка историја на XIX и XX век. Во 1971 година ја одбранил магистерската теза под наслов: „Борбата на македонскиот народ за остварување правото на самоопределување во периодот меѓу двете светски војни“ и се стекнал со звањето магистер по политички науки – насока современа политичка историја. 

Во октомври 1974 година ја одбранил докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје под наслов: „Културно-просветната политика на владејачките режими во Југославија спрема македонскиот народ во периодот меѓу двете светски војни“ со што стана доктор по историски науки.

Во 1975 година д-р Владимир Картов е избран во звањето доцент на Правниот факултет во Скопје по предметот историја на државата и правото на народите на Југославија, а потоа-за вонреден и редовен професор на Факултетот. Проф д-р Владимир Картов е автор на голем број научни и стручни трудови.

Од 1978 до 1982 година бил пратеник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *