23 АПРИЛ, СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА – „УМОТ ЦАРУВА, А КНИГАТА ГО ХРАНИ

WEB Телевизија во живо

„Книгата отвора врати во цел свет а ако влезе во вашиот дом, таа станува таму најголем трезор, од каде што зрачи среќата на универзумот„, ова се зборовите на големиот кинески поет Лу Јуан.
 
Светот денеска (23 април) како симболичен датум во светската книжевност го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право, а во чест на двајцата великани на светската книжевност Вилјам Шекспир и Мугуел де Сервантес кои со своите дела го задолжија човештвото, а починале на денешен ден 1616 година.
 
Под покровителство на УНЕСКО, 23 април е назначен за Светски ден на книгата, за првпат прославен во 1995 година. Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право. Книгата е врска меѓу минатото и иднината. Со овој ден ја изразуваме нашата почит кон творештвото и литературна традиција што ги постави темелите на светската книжевност.
 
23 април (Денот на розите) е неслучајно одбран како датум уште во далечната 1923 година во Шпанија, кога продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на оваа дата. Идејата поттикнала менување книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за Празникот на розите.
 
Подоцна, во 1995 година, УНЕСКО се решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум.
 
Светскиот ден на книгата има задача да ги охрабри младите да го пронајдат задоволството во читањето книги.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *