ЗЕЛЕНСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА CNN: ПОДГОТВЕН СУМ ДА РАЗГОВАРАМ СО ПУТИН. АКО НЕ УСПЕЕМЕ СЕ ЗАКАНУВА 3- TA СВЕТСКА ВОЈНА.

WEB Телевизија во живо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека е „подготвен за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека „без преговори војната нема да запре“, во интервју за Си-Ен-Ен објавено денеска.
 
„Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави Зеленски во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен.
 
„Ако има само 1% шанса да се запре оваа војна, мислам дека треба да ја искористиме оваа можност. Мораме да го направиме тоа. Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рече тој.
 
Турција, која се обидува да посредува меѓу Москва и Киев, денеска соопшти дека Русија и Украина постигнале напредок во преговорите.
 
„Руските сили дојдоа да не истребат, да нè убијат. Ние сме достоинствени, но нашето достоинство нема да ни ги спаси животите. Ние сме способни да возвратиме. Затоа мислам дека мора да го искористиме секој формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме , можност да разговараме со Путин. Но, ако тие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е Трета светска војна“, рече Зеленски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *