„ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА“- ГЕВГЕЛИСКА ПОСВЕТА НА ЉУБОВТА, ПОЕЗИЈАТА И МУЗИКАТА

WEB Телевизија во живо

За тебе љубов моја
Отидов на пазарот за птици
и купив птица
за тебе
љубов моја
отидов на пазарот за цвеќиња
и купив цвеќе
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за железо
и купив окови
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за робови
и те барав тебе
но не те најдов таму
љубов моја.
 
Овие прекрасни стихови на Жак Превер, синоќа, по дваесетти пат одекнаа во Народниот театар во Гевгелија, на почетокот на традиционалната поетско-музичка манифестација „За тебе љубов моја“, а во организација на „Дом на култура- Македонија“ и професорите Даниела Џишева и Тони Аврамов. На неа се претставија поголем дел од долгогодишните учесници со свои стихови, но и стихови од познати македонски и странски поети. Вечерта беше збогатена со музички нумери на гевгелиски млади музичари.
 
Меѓу оние кои настапија, да ги споменеме Цветанка, Катица и Ангела, Каме Ќаев, Филип Ангов, Ламбрина Лазаревска, Петар Јанчев, Светлана Стојковиќ, Теодора Гошева Капсарова, Стефче Стефанов, Бојан Алексов, Силвестер Проле, Љупка и Димитар.
Оваа година, Поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја“ која има долга, речиси триесетгодишна традиција на одржување во Гевгелија, со извесни прекини, беше посветена на нејзиниот креатор и прв организатор, Слободанка Дуева и на сите оние кои оставија траен белег во издигнувањето на културна Гевгелија.
 
Почетоците на поетско културната манифестација ,,За тебе љубов моја,, датираат од 1995 година, кога прв пат се одржала по идеја на Слободанка Дуева и Ице Мурџев на кои веќе од наредната година во организацијата им се приклучиле и професорите по македонски јазик и култура, Даниела Џишева и Тони Аврамов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *