НA TЕРИТОРИЈАТА ШТО ЈА ПОКРИВА ОВР ГЕВГЕЛИЈА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈКАТА НА ПОЛИЦИСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ДО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ.

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 1.07.2021 до 31.12.2021 година, според Извештајот на Одделението за внатрешни работи-Гевгелија, Полициска станица од општа надлежност-Гевгелија, бројот на полициските известувања доставени до Центарот за социјални работи во Гевгелија изнесувал 23, за разлика од 2020 година кога тој број изнесувал 5. Во 12 случаи е постапено по решение, а бројот на извештаи по поплаки за семејно насилство е 14, за разлика од истиот период лани кога таа бројка била 12.
 
Овие бројки покажуваат дека домашната изолација при ковид пандемијата, состојбата на стрес, стравот и загриженост за иднината, како и нервозата и агресивното однесување, се оние главни фактори кои допринесуваат за зголемување на насилно решавање на конфликтите и зголемување на насилството во семејствата,
 
Добрите практики во справување со овој зголемен ризик се, засилени превентивни мерки, зголемени капацитети на засолништа, определување на безбедни места за жртвите, засилување на онлајн услуги и кампањи за јакнење на свесноста за овој проблем, како и зголемување на активноста за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално , регионално и национално ниво.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *