УЈП ОТКРИ ТРГОВЦИ КОИ ПРОДАВАЛЕ СО ДДВ ПРЕХРАМБЕНИ АРТИКЛИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДДВ : НАЈМНОГУ ВО ТЕТОВО, 15, НАЈМАЛКУ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ВАЛАНДОВО, 1 ТРГОВЕЦ.

WEB Телевизија во живо

Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на изминатите два дена извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти, согласно Законот за регистриање на готовински плаќања.
 
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција информира дека и покрај укажувањата имало продажни објекти на кои не им биле прилагодени фискалните апарати и наместо во група Г, лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење ги продавале во група Б односно со пресметан ДДВ од пет проценти.
– Инспекторите согласно направените контроли најмногу неправилности утврдија кај обврзници од Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. утврдени се неприлагодени фискални апарати кај трговци на мало со храна и пијалоци, со јајца, со месо и производи од месо во специјализирани продавници.
 
Во Неготино неправилно работење е утврдено кај три од вкупно 17 исконтролирани трговци, додека во продажни места од Штип, Гевгелија, Кичево, Велес и Валандово непочитување на одредби од законот е утврдено кај едно продажно место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *